Абдул-Керим Едилов повторно импресионираше во втората борба во боксот. 28-годишниот Чеченец, кој е поранешен борец на УФЦ, се пресмета со Ибрахим Лабаран во Москва и го нокаутира за само две рунди. Едилов, кој ги тренира децата на Рамзан Кадиров, зададе моќно кроше на противникот и го испрати во тежок нокаут, со што ја забележа втората боксерска победа.
Едилов има скор 17-4 во ММА и е во серија од 11 последователни победи. Тој не загубил 7 години и во последната борба во кафезот го победи Бојан Михајловиќ во УФЦ во 2017 година.