Помошниот тренер на Фабер физички го нападна Мек Грегор! (ВИДЕО

mcgregor-cody-tuf

Нови тензии доаѓаат од снимањето на 22 сезона на Ултимејт фајтер. Најновата расправа меѓу Уријах Фабер и Конор Мек Грегор помалку се претвори во физички конфликт помеѓу Ирецот и Коди Гарбранд, борецот на уФЦ и еден од помошните тренери во ТУФ.

На Гарбранд му засмета омаловажувањет од Мек Грегор на Т.Ј. Дилашоу, шампионот на УФЦ во бантам категорија, кој беше гостин во истата епизода, но за време на препирката не се наоѓаше во истата просторија.

„Конор почна да зборува срања за Дилашоу кој во моментот не беше во иста просторија и на нас поособено ни засмета фактот дека тој зборува зад грб. На почетокот и самиот се смеев на целата ситуација, а потоа, кога се вжешти атмосферата, јас без размислување се упатив кон Конор“, рече Гарбранд.

Според зборовите на Грабранд, тие двајцата на крајот расчистиле се и тој, всушност, цени се што му донесе Ирецот на овој спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON