Во Белград пред клубот „Стефан Браун“ изминатата ноќ биле нападнати двајца ММА борци од Полска со иницијали М.А (20) и Б.К.П (23), објави српски „Телеграф“.
Полските ММА борци во Белград биле поради учество на натпреварување, а биле нападнати од пет лица. Според информациите на „Телеграф“, двајцата се здобиле со убоди од нож. Б.К.П во пределот на стомакот, додека М.А во ногата.
Повеќе информации за нападот засега не се откриваат, полицијата работи на откривање на сторителите, додека двајцата борци се примени на Ургентниот центар.