Полицијата ја уапси легендата на УФЦ, Пет Милетич поради возење во пијана состојба

Хрватската сензација, 55-годишниот Пет Милетич договори камбек ММА борба минатиот месец.

Последниот настап на членот во Куќата на славните на УФЦ беше пред 15 години кога го победи Томас Дени со нокаут во втората рунда.

Американскиот борец со хрватски корени договори борба против Мајк Џексон за следниот месец, но сега прашање е дали мечот воопшто ќе се одржи.

Имено, полицијата во Бетендорф (Ајова) го уапсила Милетич поради возење во пијана состојба, а ова му е трет таков прекршок.

Пет го возел својот автомобил до бензинската пумпа и заспал во него. Автомобилот сè уште работел кога полицијата го разбудила, тој не сакал да соработува со нив и одбил алкотест.

Бил одведен во полициска станица, а бидејќи тоа му бил трет сличен прекршок, бил пуштен со кауција од 5.000 долари.

За истиот прекршок беше казнет двапати, мораше да плати казна за возење во пијана состојба во март 2019 година и во јуни 2021 година.

Пет Милетич треба да се натпреварува против 38-годишниот УФЦ ветеран Мајк Џексон на настанот Кејџ агрешн 36 на 14 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON