Појас со 3.360 дијаманти за Мејведер и Мек Грегор и знамето на екс-Југославија

Уникатниот појас ќе биде големиот трофеј за победникот на средбата Флојд Мејведер – Конор Мек Грегор.

Наградата е изработена по порачка на претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) Моурисио Сулејман. Долги години американската легенда беше шампион на организацијата.

Појасот дури има и име – „Money belt / Паричен појас“. Изработен е од крокодилска кожа и содржи 3.360 дијаманти, 600 сафири и 300 смарагди. Освен тоа, во неговата изработка се искористени 1,5 килограми злато.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО