Појас од клиограм злато и 3000 самаргди за Мејведер-Пакијао!

Pojasot za mecot na vekot

Победникот од мечот меѓу Флојд Мејведер (САД) и Мани Пакијао (Филипини) ќе добие уникатен појас.

Трофејот беше официјално претставен од претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Маурисио Сулејман, на церемонија во Мексико Сити. На шоуто присуствуваа актуелниот светски шампион во лесна-тешка категорија Адонис Стивенсон и легендата Лери Холмс. Појасот е изработен од килограм злато и 3000 смарагди.

Автори на неверојатниот трофеј се мексикански бижутери.

„Мојот татко секогаш сакаше овој дуел да се случи”, рече Маурисио Сулејман, кој е син на долгогодишниот претседател на организацијата на веќе покојниот Хозе Сулејман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON