Погледнете како Кро Кап пред 18 години го победи Јамамото: Беше подготвен да го преземе Прајд

На денешен ден во 2004 година најдобриот хрватски борец Мирко Филиповиќ го победи Јапонецот Јошихиса Јамамото со прекин во првата рунда на настанот Прајд бушидо 2 во Јокохама.

Најголемата светска организација за ММА, УФЦ, објави видео од одлични борби, и потсети на фантастичната победа на Кро Кап.

„Легендарниот Мирко Кро Кап во Јапонија беше подготвен да го преземе Прајд“, се вели во соопштението на УФЦ.

Мирко тргна агресивно, а во еден момент со „среден удар/ мидл кик“ го удри противникот. Јапонецот му покажа дека е добро, а потоа следеше торнадото на Мирко. Хрватската легенда на атрактивен начин го заврши мечот.

Претходно овој месец, УФЦ на социјални медиуми потсети за победата на Кро Кап против Рон Ватерман од истата година.

Два триумфа во февруари се случија помеѓу поразот од Минотаур во ноември 2003 година и против Кевин Рендлман во април 2004 година.

После тоа Мирко победи седум пати во низа, а одличната серија ја прекина во август 2005 година со пораз од Федор Емелијаненко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО