Екипа на Јутјуб каналот „Анатомија на борецот“ одлучи да отпатува во Дагестан, каде што го следеа Хабиб Нурмагомедов во домашно опкружување. Погледнете како изгледа тоа преку серијалот од неколку кратки епизоди.
Овој ист тим веќе го следеше Нурмагомедов во текот на УФЦ 223 авантури, а сега одлучија на фановите на светскиот шампион во лесна категорија да и го понуда на увид оној помалку познати дел од неговиот живот, односно како изгледа животот дома во Дагестан.
Веројатно знаете дека четиримината браќа Нурмагомедов, меѓу кои најстар е татко на Хабиб Абудлманап, сите негови синови од мали се уселени во една куќата, каде што живееле заедно, се школувале и тренирале, а всушност Абудлманап беше главната личност во таа куќа. Таквиот режим создаде од Хабиб и неговите браќа (затоа што тој и неговите братучеди ги смета како браќа, бидејќи така пораснале) друг вид на луѓе, што е навистина многу лесно да се забележи. Се разбира, тоа никако не значи полоши или подобри луѓе, само различни, односно посебни.
Преку оваа серија можете да видете како изгледа неговиот тренинг дома, пред Рамазан и за време на него, при што Хабиб не престана да тренира. Заедно со него ја посетија и џамијата, а, секако, беа и дома. Го посетија и родното место на Хабиб, а и во петата епизода можеме да го видиме тренингот на Хабиб со уште еден УФЦ борец, Зубаир Тухугов. Погледнете се по ред!
.