Погледнете го мај тај нокаутот за кој зборува целиот свет (ВИДЕО)

Вчера на познатиот тајландски Раџадамнем стадион се одржа боречки настан на кој се случи нокаут за кој зборува целиот боречки свет, со епитети како оној дека ова е нокаут на годината, а некои дури велат дека  е еден од најспектакуларните мај тај нокаути во последните години.

Се бореа извесни Чалаван Пор Оннут и Рамбонг Лесоранка, а прашањето беше меч во категоријата до 54 килограми, но не мора да ве заморува фактот дека станува збор толку лесни момци, бидејќи ова е сигурно еден од најбруталните нокаути кои сме виделе во последно време. А во тајландските мај тај рингови бруталните нокаути не се ретка појава.

Кон крајот на четвртата рунда од борбата, кога Рамбонг го нападна Чалаван, во обид да го донесе поблиску до јажињата. Сепак, во еден момент Чалаван погаѓа со чист лакт во главата, на врзува удар во телото, за да заврши со преден убиствен удар право во брадата.

https://www.instagram.com/p/BkCPU85lmAW/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BkB_AKYAtvE/?utm_source=ig_embed

.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО