Дваесет години сонувам за шампионски појас – изјави Гловер Тешеира по триумфот на УФЦ 267 во Абу Даби, кога во вторaта рунда со задушување го совлада Јан Блахович.
42-годишниот бразилски борец со тоа стана вториот најстар шампион во историјата на УФЦ. Тешеира беше блиску до појасот во 2014 година, но ја загуби борбата за титулата против Џон Џонс.
Бразилецот имаше потешки порази во кариерата, особено од Ентони Џонсон и Александар Густафсон, но сето тоа го плати со каматен триумф над Блахович.
Тешеира го победи Полјакот со задушување, тоа беше негово десето „завршување“ во кариерата.
Гловер Тешеира се врати во Конектикат каде што живее со години. Пријателите и жителите на Данбери срдечно го пречекаа новиот шампион на УФЦ.
Бразилецот го сподели видеото со фановите на својот Инстаграм.