Погледнете како Чарлс Оливеира се подготвува за пресметката против Џастин Гејџи (ВИДЕО)

Чарлс Оливеира има голем напредок во последните неколку години, а има десет победи во низа.

Во мај минатата година тој ја освои титулата во лесна категорија со триумфот против Мајкл Чендлер, а во декември првпат го одбрани појасот откако го победи Дастин Пориер со давење од позади.

Бразилецот е познат како голем граплер, но сега стана голем ММА борец.

До Бронкс следниот настап е на 7 мај кога ќе го брани шампионскиот појас против Џастин Гејџи.

Оливеира напорно тренира и се подготвува за тој меч, па на својот Инстаграм објави неколку видеа од неговиот спаринг.

Бразилскиот борец знае дека наскоро пред себе ќе го има еден од најиздржливите борци во ростерот во лесна категорија. Но, шампионите треба да бидат подготвени за предизвици доколку сакаат да го задржат шампионскиот појас.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON