Погледнете ја шампионската борба на Бесир Алили (ВИДЕО)

Бесир Алили (48 кг) вчера стана европски шампион во борење слободен стил за кадети. Тој во финалето на Европското првенство во Фиренца, Италија, за златниот медал славеше 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија.

Aлили мудро ја водеше борбата, но на крајот загрози поради одбранебениот стил, зато што опомена и казнен поен на 15 секунди пред крајот, па противникот намали на 7-6. Но Бесир мудро ја приведе бробата до крај и по долги години донесе златен медал на Макеоднија од некое големо натпреварување, како домашен борач. Инаку на почетокот Бесир се најде во незавидна положба, бидејќи противникот поведе со 5-0, но нашиот борач покажа зошто е шампион и направи комплетен пресврт.

Така, Алили го оствари она што Бобан Данов и Дејан Данов пред повеќе години не го направија – го освои златниот медал.

На патот до финалето талентираниот Алили ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.

Погледнете ја шампионската борба на Бесир Алили.

 Резултати
48 кг
Бесир Алили – Оскар Кулчицки (Полска) 10-0 (ТТ)
Бесир Алили – Андреј Витан (Молдавија) 12-10
Бесир Алили – Лука Гугешашвили (Грузија) 6-2
Финале
Бесир Алили – Хартујун Ховханнсијан (Молдавија) 7-6

65 кг
Арсим Бекири – Александар Хулник (Белорусија) 3-10

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО