Погледнете ја реакцијата на публиката покрај рингот кога Усик 9.рунда го прати Џипси Кинг во нокдаун

Тајсон Фјури минатиот викенд на голем боксерски спектакл во Саудиска Арабија го доживеа првиот пораз во професионалната кариера.

Кралот на Ромите загуби од Александар Усик со поделена одлука во борбата за апсолутен шампион во тешка категорија.

Британскиот борец се држеше против украинската суперѕвезда во првите осум рунди, но во деветата имаше пресврт.

Имено, крајот на деветтата рунда целосно му припадна на Усик, кој по едно лево кроше продолжи да го напаѓа Фјури, кој се најде во нокдаун.

Колената на Кралот на Ромите се свиткаа и само јажињата го спасија да не заврши на земја. Судијата ја прекина борбата и почна да му брои на Фјури.

Откако судијата заврши со броењето, се огласи гонгот, а на Британецот му беше дадено уште малку време да си дојде при себе. Фјури се врати во мечот, но во другите три рунди боксираше прилично претпазливо, што не беше доволно за победа.

А борбата лесно можеше да се прекине во моментот кога Ромскиот крал веќе немаше сили да се брани. Судиската одлука најверојатно го спаси Фјури од брутален нокаут.

Публиката во Кингдом арената во Ријад беше сведок на неверојатната акција на Усик, со која на семејството на Фјури и на членовите на тимот им беше тешко.

Турки Алалших, главниот задолжен за спорт и забава во Саудиска Арабија, на социјалните мрежи објави интересно видео кое ја следи реакцијата на толпата на рингот.

На видеото се гледаат Кристијано Роналдо, кој во еден момент ја покрива устата со раката, како и полубратот на Тајсон, Томи Фјури, кој беше особено нервозен, како и целиот тим на Џипси Кинг. А како изгледаше тоа погледнете во видеото:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON