Погледнете ја одличната најава за боксерскиот меч меѓу Усик и Фјури (ВИДЕО)

Остануваат уште околу 15 дена до големиот боксерски меч за обединување на појасите на шампионот во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Aлександaр Усик.

Борбата за апсолутен шампион ќе се одржи на 17 февруари во Саудиска Арабија на настанот наречен „Огнен ринг“.

Последниот човек кој успеа да ги обедини појасите во тешка категорија беше Ленокс Луис, а тоа се случи пред 25 години.

Во пресрет на боксерскиот спектакл организаторите снимија уште една одлична најава во која ги претставија непоразените боксери во нивната пресметка за тронот во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО