Погледнете ја борбата на Владимир Егоров која по 12 години и донесе медал на Македонија на Европските шампионати. Егоров (-57 кг) го совлада Андреј Дуков од Романија со 7-4 во една возбудилива борба со 7-4 на Европското првенство во борење за сениори во слободен стил во Букурешт, Романија.
Егоров поведе со 2-0, и така се отиде на пауза. Во втората рунда Романецот изедначи 2-2 и веднаш и поведе со 2-4, а Егоров со исфрлање од душекот намали на 3-4. Потоа во две одделни акции борачот на штипски Балканец освои четири поени и поведе со 5-4 и со конечни 7-4.
Пред 12 години, во 2007 година се радувавме на еден континентален медал, кога Мурат Рамазанов (-60 кг) го освои бронзениот медал на ЕП во Софија, Бугарија.
Резултати
-57 кг
Владимир Егоров – Муслим Садулаев (Русија) 2-5
Репасаж
Владимир Егоров – Леван Вртанов (Шпанија) 3-3 (туш)
За бронза
Владимир Егоров – Андреј Дуков (Романија) 7-4
Ipon.mk