Погледнете го првото соочување меѓу Махачев и Оливеира, Јан го оттурна О’Мели (ВИДЕО)

Поранешниот шампион Чарлс Оливеира и ѕвездата во подем Ислам Махачев викендов се борат за титулата во лесна категорија на најголемата светска ММА организација.

Нивниот меч е предводник на настанот УФЦ 280 во Абу Даби.

Пред настанот се одржа прес-конференција на која дагестанскиот борец се осврна на изјавата на Оливеира дека ја добил борбата за титулата благодарение на врските со Хабиб Нурмагомедов.

„Па кој го победи Оливеира пред борбата за титулата. Или подобро е прашањето со кого се бореше за титулата? Мајкл Чендлер? Од каде знаеш кој заслужува, а кој не заслужува борба за појасот. Но, кажете ми кога ќе проверите кого победил пред борбата за првак“, рече Ислам Махачев, осврнувајќи се на рекордот на Чарлс по бројот на победи со завршница:

„Сакам да ја прекинам неговата серија и да го земам тој рекорд. Ги завршив сите мои последни противници, секогаш барам крај. И знам дека сега ќе го завршам“.

Махачев доби овации од полната сала, а кога Оливеира зеде збор, следеа свирежи. Бразилецот претходно најави дека во првата рунда ќе го победи Ислам.

„Дома сум. Сакам да бидам на вакви места, секогаш сум ги повикувал да дојдат кај мене, но тие никогаш не дојдоа. Ислам заслужува целосна почит, но за мене тоа ќе биде само уште една борба“, подвлече Чарлс Оливеира.

Особено високи тензии настанаа за време на соочувањето меѓу Петар Јан и Шон О’Мели.

Имено, рускиот борец го турна О’Мели, но веднаш скокнаа безбедносните сили и го спречија инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON