Конор Мек Грегор ситно брои до петтиот по ред испит во УФЦ, против Денис Сивер. До тогаш одработува голем број на медиумски обврски, вклучувајќи го и интервјуто, со кое во целост воодушеви. Ирецот уште еднаш покажа дека е голем „кулер“ и човек кој го разбира „шоу бизнисот“.
Конор беше принуден да одговора на провокативни прашања, дури на тројца водители, а на секое прашање даде соодветен одговор со кој ги „затнат“ устите на водителите. Уште еднаш својот противник го нарече „наци“, ги коментираше забавите со Дана Вајт, а особено незгодно беше прашањето за одржување на долгогодишната врска со неговата девојка. Конор имаше подготвен одговор и на ова прашање, изјавувајќи дека тајната е никогаш нема го видите како шета со девојка на плажа, но затоа повремено ја спушта во хоризонтална положба.
http://youtu.be/lGvgjZkXDJ8