Oткако Глори го раскина договорот со руските борци, Артем Вахитов остана без шампионскиот појас во полутешка категорија.
Во октомври промоцијата во кик бокс организираше меч за титула во таа категорија меѓу Литванецот Сергеј Маслобоев и Луис Тавареш.
Но, бидејќи холандско-гренландскиот кикбоксер беше позитивен на допинг тест, шансата ја доби Мароканецот Тарик Хбабез.
Двајцата борци разменија многу удари во текот на целиот натпревар. Маслобоев погоди 215, а Хбабез 184 удари.
За многумина таа борба беше една од најдобрите оваа година.
Глори објави видео од борбата меѓу Маслобоев и Хбабез на Јутјуб за своите фанови: