Погледнете го моментот кога полицијата го запрела Мек Грегор поради опасно возење (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор беше уапсен откако дивееше по улиците на Даблин со своето „бентли“. Полицијата ја запрела големата ѕвезда на УФЦ поради опасно возење и ја однела во станица.

Автомобилот му бил одземен, но подоцна му бил вратен.

Мек Грегор по ослободувањето е пуштен со кауција, а ќе одговара за опасно возење. Тој треба да се појави на суд следниот месец.

Во Ирска казната за опасно возење е до пет илјади евра, а може да добиете и до шест месеци затвор.

На социјалните мрежи се појави видео од моментот кога полициската патрола го запре Конор.

Тој најверојатно направил прекршок пред лицето во другиот автомобил да почне да снима, бидејќи сите возеле со речиси иста брзина.

https://twitter.com/Simbot20/status/1506760565473038345?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506760565473038345%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fmma%2Fvideo-pogledajte-trenutak-kada-je-policija-zaustavila-mcgregora-zbog-opasne-voznje%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON