Ноќта меѓу 29 и 30 јули ќе се одржи голема боксерска вечер во Лас Вегас (САД).
Во главната борба ќе гледаме дуел меѓу Теренс Крафорд и Ерол Спенс. Обидите за организирање на оваа борба траат изминативе пет години и конечно се крунисаа со успех. Непоразените Американци ќе се борат за неприкосновената титула во велтер категорија.
Крафорд го држи појасот на ВБО, додека Спенс ги има титулите на ИБФ, ВБЦ и ВБА. Ова е дефинитивно голема борба која сите ја чекаат со огромен интерес. Ова се некои од прогонозите на нивните колеги пред борбата.
„Сега најдобар во боксот е Теренс Крафорд. Не мора да има договор со мојата рекламна компанија за јас да го поддржам. Не сум таков. Тој е одличен борец. Ме потсетува на младиот Флојд Мејведер, може да клоца задници“, изјави Флојд Мејведер за Бокс сошл.
„Мислам дека Крафорд ќе победи. Неговото ниво на коефициент на интелигенција е значително повисоко од нивото на Спенс. Како и да е, тоа е интересна борба бидејќи Спенс ќе изврши притисок и Крафорд ќе мора да се прилагоди додека борбата напредува“, рече Тим Цју во интервју за Фајтхип.
„Ми се допаѓаат и двајцата, ги почитувам нивните кариери и нивните достигнувања. А, сепак, мислам дека Ерол е преголем. Неговата големина ќе биде преголема за Теренс.
Сметам дека Теренс е повеќе разноврсен, бидејќи е на врвот на мојата ранг-листа, без оглед на категоријата. Но, Ерол ќе победи, иако Теренс е поподготвен. Спенс ќе го диктира интензитетот на борбата и помалиот човек ќе се истроши“, изјави Поли Малињаџи во интервјуто на Јутјуб каналот ВЦС.
„Борбата ќе биде пекол. Секогаш се обложувам на брат ми Теренс. А никогаш не сум видел некој да работи толку напорно како Теренс Крафорд. Мислам дека нема друг во светот да спореди со него во ова.
Не можам да замислам дека Теренс Крафорд ќе загуби, бидејќи секогаш навивам за него. И верувам дека ќе победи, не само затоа што ми е пријател. Крафорд е конкурентен во сите аспекти“, изјави Шакур Стивенсон за Бед лест хук.