Чимаев и Коста започнаа војна со мемиња

Хамзат Чимаев и Пауло Коста не се сакаат и тоа им е јасно на сите што ги следат.

Во последната година двајцата постојано се навредувале и се закануваат. Чимаев и Коста беа блиску до борба во Институтот УФЦ во Лас Вегас. Ваквите расправии се омилени на УФЦ, кои знаат дека во тоа има пари. Токму поради тоа Дана Вајт најави дека Чимаев ќе се искачи во средна категорија.

Постојано имаше гласини за борба меѓу него и Пауло Коста. Бразилскиот борец не сакаше да го продолжи договорот со УФЦ, но тие го направија најплатен Бразилец. Така Пауло го обнови договорот и уште тогаш изјави дека УФЦ сака да се бори со Чимаев во Абу Даби.

Неодамна организацијата официјално ја објави нивната борба. Тие во октомври ќе бидат предводници на УФЦ 294 во Абу Даби. Откако ја објавија борбата, Коста не престанува да биде активен и да го исмева Чимаев со мемиња.

„Со меме возврати и Хамзат, но дефинитивно Бразилецот е поинвентивен. Еве некои од мемињата што си ги разменија:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО