Подигнати споменици на основачите на самбото во Москва (ФОТО)

Споменик на тројцата основачи на самбото ќе биде откриен во Москва за време на отворањето на претстојниот Светски куп.

Церемонијата ќе биде дел од натпреварот што ќе се одржи во главниот град на Русија на 18 и 19 декември. Спомениците на Васил Ошепков, Виктор Спиридонов и Анатоли Харалампиев ќе бидат лоцирани на главната уличка на спортскиот комплекс Лужники.

Светското првенство го носи името на еден од тројцата татковци на руската дисциплина – Анатали Харалампиев.

Бистата на Васил Ошепков беше поставена пред неколку недели во Новосибирск.

На настанот присуствуваше и трикратниот олимписки шампион во борење грчко-римски етил – Александар Карелин.

Самбото беше признат како официјален спорт во Русија во 1938 година. Потекнува пред еден век во СССР од Виктор Спиридонов и Васил Ошепков. Ошепков живеел многу години во Јапонија, каде тренирал џудо со основачот на боречки вештини – Кано Џигоро. Ошепков е убиен во 1937 година во неговата татковина за време на таканаречената „Голема чистка“ (политичка репресија и прогон по наредба на Јосиф Сталин).

Спиридонов и Ошепков развија две различни дисциплини паралелно, кои во подоцнежната фаза се испреплетија и со тоа се роди модерниот изглед на самбото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON