Шампионката на УФЦ во мува категорија Валентина Шевченко се осврна на заканата од Таила Сантос.
Тие ќе се сретнат во главната борба на УФЦ 275 на 11 јуни во Сингапур. Шевченко го забложува појасот и серијата од 8 последователни победи. „Булет“ ќе ја бара 7-та последователна одбрана на титулата во категоријата.
Сантос, пак, ќе брани серија од 4 последователни победи. Бразилката има само 1 пораз во кариерата, во која има 19 победи и 1 пораз. Таа победи на 10 меча со нокаут и на 3 со принуда.
Шевченко заврши 15 средби, а двата порази е беа од претставничка на Бразил. Валентина имаше две пресметки со Аманда Нунеш и ги загуби со одлуки на судиите.
Сега доминантниот шампион типува на појасот и е подготвен на се против Таила Сантос.
„Мислам дека таа е многу силен борец. Има многу физичка сила и се останато. Ги почитувам сите мои противнички и тоа ме тера да не ги потценувам нивните вештини, но и да ги согледам нивните слабости.
Некои мислат дека имаат подобри удари, други мислат дека имаат подобра борба. Но, знаете, октагонот им покажа дека грешат. Најважно е да се види нивниот израз кога ќе сфатат дека не се подобри.
Немам проблем да се борам на партер, во стој и да се борам. Подготвена сум на се, бидејќи да се биде шампион на УФЦ бара многу вештини, многу способности.
Не можеш да бидеш едностран борец. Подготвена сум на се“, рече Шевченко на виртуелната прес-конференција пред битката.
View this post on Instagram