Повеќе од двеста учесници вчера тренираа во Скопје, како дел од завршните подготовки за Европското шотокан првенство на ВСФ/WSF – Светската шотокан организација што ќе се одржи во Скопје од 1 до 3 ноември оваа година во А1 арената „Борис Трајковски“.
Шотокан академија на Македонија сериозно се подготвува за ЕП, па, ако се суди според првиот тренинг, ќе има и голем успех.
„Одлично одработен тренинг, полно срце и убави спомени ќе ни останат во сеќавање“, напиша шихан Живко Тасевски, кој и се заблагодари на сите тренери и учесници, а посебно на сенсеи Зоран Најдановски и КК Ѓорче Петров за одличната организација.