Денеска почна третиот камп за млади борачи (пионери) на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) во Штип кој ќе трае до 4 мај, а домаќин е БК Балканец.
Првиот тренинг го водеа тренерите Давор Тасев, Виктор Богданов и Суфијан Исмаили во присуство на претседателот и на потпртеседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и Дејан Богданов.
Претходно оваа година се одржаа два кампа во Скопје и на планината Китка. Тие се одржуваат со помош на Македонскиот олимписки комитет.
Ipon.mk/В.Д.