Почна со работа Таеквондо клубот Штип: Историски ден во македонскиот боречки спорт, вели Костовски

„Најдобриот карате клуб во Македонија, КК Штип од денес почна да тренира олимписко таеквондо“, напиша на Фејсбук тренерот Дарко Костовски по повод отворањето на Таеквондо клубот Штип.

„Тренерите Сашко и Жарко Арсовски веќе подолг период вредно ги проучуваа таеквондо принципите, за од овој ден официјално почнат да го практикуваат овој убав фулконтактен боречки спорт таеквондо“, истакнува Костовски и додава:

„Станува збор за исклучително успешни тренери во карате, со врвни спортски резултати. Вредни и посветени спортски работници за кои веруваме дека успешно ќе работат до олимписки медал во таеквондо“.

Дарко Костовски изразува голема благодарност до градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за несебичната поддршка која ја дава за овој проект вистински да успее.

„Македонското Таеквондо постави исклучително високи критериуми за тоа што значи врвен спортски резултат, нема да запреме во квалитетно омасовување на овој убав олимписки спорт. Спортската државна историја мора да продолжи да се пишува!

Нека е за убаво, од денес најпатриотскиот град во Македонија почнува со олимписко таеквондо“, нагласува Костовски!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО