Почина уште еден спортист во Јужна Африка-боксерка

Како последици од нокаут почина јужноафриканската боксерка Финдили Мвеласе (31 година), на меч од шампионатот на Јужна Африка.

smrt na bokserka vo juzna afrika

Министерството за спорт на Јужна Африка соопшти дека Мвеласе починала по двенеделна кома во болницата во Преторија, не можела да се опорави по нокаутот што го добила за време на мечот.

Смртта на Мвеласе е трета меѓу јужноафриканските спортисти во рок од само неколку дена. Претходно, поранешниот светски шампион и олимписки вицешампион на 800 метри, Мбулени Мулаудзи загина во сообраќајна несреќа, додека капитенот на фудбалската репрезентација Сензо Мејива беше убиен во неделата во куќата на својата девојка, за време на вооружен напад од страна на ограбувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON