Замина една од легендата/ таткото на Шoтокан карате-до, соке Каназава Хироказу 10 дан 1931-2019 година.
Според фејсбук страницата SKIF-GB, sоке Хироказу Каназава почина утрово на 09 декември 2019 година. Pосто е избришан, но според информациите од високи извори во СКИФ, навостина соке Каназава заминал од овој свет.
Соке Каназава беше извонреден мајстор за карате. Во неодамнешниот портрет за него во „Шотокан Тајмс“, Патрик Донкор и д-р Кристијан Трибовски заклучија:
„Хироказу Каназава се смета за еден од најискусните мајстори на карате на сите времиња. Одличен техничар и одличен инструктор, тој има изградено лојално и посветено следење на учениците. Нежен и искрен човек кој успеа да ги пренесе концептите на карате на многу генерации на негови ученици. Како плоден автор, исто така напишал многу наставни книги и видеа. Може да се тврди дека многу луѓе не би почнале со карате доколку не виделе демонстрации од овој многу талентиран мајстор. Во секој случај, тој е вистинска легенда на Шотокан каратето“.
Како никој друг, Хироказу Каназава го измисли Шотокан каратето во 20-тиот век. Неговото мајсторство и раскош физички ќе исчезнат, но никогаш нема да се заборават.