Почина легендарниот боксерски судија Мирко Леов

mirko-dva

Вчера почина легендарниот македонски боксерски судија, Мирослав – Мирко Леов, кој беше и претседател на Боксерската судиска организација на Македонија.

mirko-leov-vo-sudiska-uniforma

Мирко Леов беше еден од врвните АИБА судии во поранешна Југославија кој судел на многу големи меѓународни приредби.

mirko-leov-so-sudiite

Тој  беше меѓународен боксерски судија со меѓународно звање ЕУБЦ и АИБА.

Своето меѓународно звање боксерски судија АИБА го стекнува во далечната 1981 година.

Тој е учесник на:

– Балканско првенство 1982 година во Бурса – Турција;

– Медитерански игри 1983;

– Светски Куп 1987

– Двомечот САД – Југославија 1984 година во Триполи, Лусијана – САД;

– Многу години ја делеше правдата во рингот на „Златниот гонг“;

– Долгогодишен претседател на Судиската организација при Боксерската федерација на Македонија.

 Тој беше значаен фактор на југословенскиот бокс и боксерските судии, а долги години важеше за еден од најдобрите судии во Првата боксерска лига на Југославија. Леов даде значаен придонес за развојот на македонскиот бокс и Боксерската федерација на Македонија.

Погребот на Мирко Леов е утре во 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО