Почина јапонски боксер, им подлегна на повредите на мозокот по мечот во декември: Почивај во мир шампионе

Казуки Анагучи трагично почина во болница на само 23 години, откако претрпе повреда на мозокот за време на неговиот пораз од Сеја Цуцуми во декември.

Јапонскиот боксер, роден 2000 година, беше поразен со одлука по исцрпувачките десет рунди на „андеркартата“ на триумфот на Наоја Инуе над Марлон Тапалес за светски титули во супербантам категорија.

Анагучи беше соборен во текот на четвртата, седмата, деветата и десетата рунда и со одлука на судиите ја загуби титулата јапонски првак во бантам категорија. По завршувањето на борбата се онесвестил и бил пренесен во болница.

Лекарите извршија итна краниотомија (процедура за отстранување на дел од черепот) за отстранување на субдурален хематом на неговиот мозок. За жал, Анагучи никогаш не се освести и беше прогласен за мртов во петокот, повеќе од еден месец подоцна.

Трагичната вест јавно ја објави Јапонската боксерска комисија и ја пренесоа бројни познати медиуми и новинари.

Почивај во мир шампионе…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО