Почина 18-месечниот син на Френсис Нгану: Ужасно сум уморен

Поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану, ги доживува најтешките денови во својот живот. Имено, неговиот 18-месечен син починал, а оваа информација прв ја објави камерунскиот портал 237online.com, кој подоцна го пренесоа и други медиуми.

„Која е целта на животот ако нè лишат она што со сите сили се бориме да го задржиме. Зошто животот е толку неправеден и безмилосен? Ужасно сум уморен“, напиша Френсис Нгану во објава на социјалните мрежи.

Од сите страни пристигнуваат пораки со поддршка за камерунскиот борец, а се јави и Конор Мек Грегор кој напиша:

„Френсис, жал ми е што слушнав за твојата загуба, моите молитви се со тебе и твоето семејство во овој момент“.

Нгану минатата година го напушти УФЦ и потпиша за ПФЛ, каде наскоро требаше да се бори со Ренан Фереира, но сега неговиот настап е под знак прашалник.

Во меѓувреме имаше два боксерски меча и ги загуби двата, на крајот на октомври минатата година подобар од него беше Тајсон Фјури, а Ентони Џошуа неодамна го победи со брутален нокаут во втората рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON