Почина 18-годишната хрватска каратистика Ника Бркиќ

Хрватските медуми објавија дека починала 18-годишната хрватска каратистика, Ника Бркиќ, а веста ја потврди и хрватскиот карате сојуз.

Бркиќ пред само три месеци остварила еден од најголемите успеси во кариерата и освоила златен медал во Дарувар, Хрватска, а сега неочекувано починала и не се откриваат детали за смртта.

„Зборовите тешко може да ја опишат болката која ја чуствуваме со загубата на Бркиќ. Ника не само што беше врвна каратистка, туку и личност со позитивна енергија. Ќе се сеќаваме по нејзината посветеност кон спортот и големото срце“, објави хрватскиот карате сојуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО