Победата на Оверем е поништена поради позитивен допинг тест, доби суспензија и казна

Холандскиот борец Алистер Оверем (42) се пресели во Глори откако го напуштил УФЦ, каде што минатиот октомври  се бореше со Бадр Хари.

Демолишн мен го победи Мароканецот во тој меч на Глори: Колишн 4, но таа борба сега му е одземена.

Имено, поради позитивен допинг тест победата на Оверем е поништена, а тој доби едногодишна суспензија.

Глори го тргна од сите ранг-листи, а мора и да врати дел од заработката од тој меч. Холанѓанецот имаше проблеми и со допинг во УФЦ.

Кој знае дали повторно ќе го видиме Оверем во рингот на Глори.

Неодамна Фил Де Фрис го повика Алистер за пресметка во јуни на настанот Колосеум 2 на КСВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON