Победата и славата не го променија Бивол

Во интервју за Јутјуб каналот на Бокс сошл шампионот на ВБА во полутешка категорија (до 79,4 кг), Русинот Дмитри Бивол, искрено кажува како се променил неговиот живот по победата над лидерот на паунд фо рпаун рејтингот , Мексиканецот Сол Алварез.

„Да, мојот живот се промени… Работите околу мене се сменија, но не и јас. Останав истиот човек. Луѓето околу мене се сменија, почнаа да ме гледаат поинаку. Станав побаран, сега повеќе ме канат на емисии, луѓето сакаат да ме гледаат, сакаат да се сликаат. И сега морам да бидам повнимателен“, изјави Бивол.

Потсетуваме дека борбата меѓу борците се случи во мај 2022 година и заврши со победа на Бивол со едногласна одлука. Во оваа борба Алварез го претрпе вториот пораз во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON