Победа и пораз за Еди Шерифовски на ЕМОФ во Ѓер, чека шанса за репасаж

Џудистот Еди Шерифовски (-73 кг) со победа и пораз чека шнаса за репасаж на Европскиот младински олимписки фестивал во Ѓер 2017, откако пред неколку минути е совладан со ипон и вазари од претставникот на Италија, Андреа Спикуља, во второто коло.

Тој во првото коло беше подобар Микел Баби Астола од Андора, добивајќи со два казнени поени.

Шерифовски ќе чека дали Италијанецот ќе се пласира во финалната четворка за да му овозможи репасаж и можност да се вклучи во борбата за борнзениот медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО