Џонс: Леснар? Прво ќе се пресметам со Кормиер, а потоа и со него!

Има многу работи кои треба да се средат пред да влезе Џон Џонс во кафезот со Брок Леснар.

Најголемиот проблем во моментов е фактот што Леснар, кој е поранешен шампион на УФЦ во тешка категорија и сегашна ѕвезда на ВВЕ, издржува казна што му беше изречена од УСАДА во врска со мечот на УФЦ 200 против Марк Хант.

Џонс има голем меч во сабота на УФЦ 214 во Анхајм, каде што ќе се соочи со неговиот долгогодишен противник за светската титула во полутешка категорија Даниел Кормиер, па дури потоа ќе почне да размислува за нешто друго.

Очигледно тоа не е пречка потенцијалните ривали да разговараат за слична борбаа. Во вторникот Џонс изјави дека би учествувал во слична битка, а Леснар одговори позитивно.

На пресконференцијата пред УФЦ 214 во средата Џонс пак ја повтори можноста.

„Прво ќе се пресметам со Даниел, а потоа ќе се пресметам и со Брок Леснар“, изјави Џонс.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, возврати дека неодамна не разговарал со Брок леснар, но присустните во салата многу не му поверуваа.

„Дури не знам од каде се појави оваа можност и како започна сето тоа. Верувај ми, не сум зборувал со Леснар и не знам ништо за слична борба“, изјави Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО