По Жилеј Жанг, Дионтеј Вајлдер има уште една борба во подготовки

Американскиот тешкаш Дионтеј Вајлдер ќе го предводи тимот на Мечрум на настанот „5 на 5“, кој ќе се одржи на 1 јуни во Саудиска Арабија.

Пет боксери од тимот на Еди Херн ќе се пресметаат против промоцијата на Квинсбери на Френк Ворен, а противник на Вајлдер ќе биде Жилеј Жанг.

На истиот настан во Ријад за тимот на Мечрум ќе настапи и најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ во дуел против Британецот Даниел Дубоа.

Вајлдер и Жанг го загубија последниот меч против истиот противник Џозеф Паркер и двајцата веруваат дека победата ќе ги отвори вратите за големи борби.

А Турки Алалших, главниот задолжен за спорт и забава во Саудиска Арабија, на социјалните мрежи откри дека сака да организира борба меѓу Бронзениот бомбардер и „иднината на тешка категорија“ – Џаред Андерсон.

„Талентираниот Џаред Андерсон е со нас на настанот на сезоната во Ријад, кој ќе се одржи во ЛА на 3-ти август, а би можел да се бори со Бронзениот бомбардер Дионтеј Вајлдер. Се разбира, ако е подготвен по борбата на 1 јуни против Жилеј Жанг“, напиша Турки Алалших на Х и продолжи:

„Отсекогаш верував дека боксот ќе биде на врвот кога ќе имаш млади американски тешкаши како Џеред Андерсон. Верувам и во неговиот талент и во неговата перспективна иднина. Мој совет до него: Фокусирај се на иднината и тренинзите, посвети се на тоа и ќе стигнеш до целта“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON