Во синоќешните борби на Карате 1 Серија А во Матосинхос, Португалија, каратистите на Макпетрол забележаа најмногу по две победи.
Најискусниот, кој е и во улога на тренер, Петар Заборски првата борба ја загуби, но доби шанса во репасажот бидејќи Херохи Пицул од Украина се пласира во финалето. Петар одлично стартуваше и заблежа две победи, а во третата беше поразен со минимален резултат 0-1 од Швеѓанецот Рики Хааг.
Витомир Трајковски забележа две ефектни победи, а во третата средба со Нико Мантере од Финска е поразен со 1-2.
Во истата категорија Петар Спасеновски забележа победа и пораз.
Стефан Стојановиќ постигна две победи, а во третиот меч загуби со минимален резултат 0-1од Николаи Секот од Германија.
На Карате 1 Серија А ќе настапат 990 спортисти од 70 земји. Тимот ќе го предводи тренерот и натпреварувач Петар Заборски.
Карате 1 Серија А – Матосинхос 2023:
75 кг
Петар Заборски – Херохи Пицул (Украина) 0-9
Репасаж
Петар Заборски – Матео Гамба (Италија) 5-0
Петар Заборски – Лием ле Тан (Франција) 2-0
Петар Заборски – Рики Хааг (Шведска) 0-1
84 кг
Витомир Трајковски – Џијанмарко Маглијано (Италија) 9-0
Витомир Трајковски – Жан-Клод Оверман (Холандија) 4-2
Витомир Трајковски – Нико Мантере (Финска) 1-2
Петар Спасеновски – Аро Туоминен (Финска) 5-3
Петар Спасеновски – Валери Соник (Украина) 1-4
+84 кг
Стефан Стојановиќ – Леонардо Переира (Португалија) 3-0
Стефан Стојановиќ – Леае Бенхенија (Мароко) 3-3
Стефан Стојановиќ – Николаи Секот (Германија) 0-1
61 кг
Викторија Јовановска – Дарија Питта (Италија)