Катерина Ацевска е петта на ЕП во џиу џицу, најдобар резултат на македонски натпреварувач

Катерина Ацевска е петта на Европското сениорско првенство во џиу џицу во дисциплината фајт. Таа во борбата за брозениот медал беше поразена од Хрватката Надина Билјановиќ од Хрватска. 

Ацевска не освои бронзен медал, но и ова е историски резултат.

„Другари ви благодарам за поддршката, одлични борби, две победи и два пораза, во борбата за трето место тесно изгуби од втората во светот, и како што кажа коментаторот 9 години постара од Катерина.

5 место во Европа во Сениорска конкуренција е голем резултат за тој што разбира спорт, односно што разбира дека Катерина на „нејзиното” Европско во Франција веќе освои бронзен медал. Ова беше една убава можност за стекнување искуство. Ние тоа го претворивме во нешто многу поголемо, пореметивме некои нивни калкулации. Позади нас останаа држави како Италија, Австрија, Украина, Грција…
Нагласувам дека денес никој не ја фрли во џудо со ипон. Нагласувам дека Германката од која што изгуби во првата борба заврши на 9-то место, а Катерина на 5-то. Нагласувам дека сите беа далеку постари.
Имавме храброст да излеземе на мегдан со 10-те најдобри во Европа“, напиша на Фејсбук селекторот Александар Ацевски.

На ЕП учествуваат 361 натпреварувач од 28 држави.

Европско првенство – Загреб:

+70 кг
Катерина Ацевска – Лаура Мулер (Германија) 8-12
Катерина Ацевска – Европи Мазлиду (Грција) 50-0 фул ипон
Катерина Ацевска – Бјанка Фајхтлбауер (Австрија) 13-11
За бронза
Катерина Ацевска – Надина Билјановиќ (Хрватска) 11-13

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО