АктуелноОстанатоТаеквондо

По два златни и бронзени медали за таеквондистите на Хва ранг ИТФ на „Дубровник опен“

Таеквон-до клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец – Охрид, викендов на Меѓународниот турнир „Дубровник опен 2025“ во Хрватска освои 4 медали – 2 златни и 2 бронзени.

Со златни медали се закитија Теодора Тодороска – јуниорки 16–17 години, зелен појас и Христина Шибакоска – јуниорки 16–17 години, жолт појас, додека со бронзени Миа Танеска – кадетки 12–13 години, црвен појас и Анастасија Чулческа – јуниорки 16–17 години, плав појас.

На турнирот настапија над 700 натпреварувачи од 9 европски земји – Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Полска, Австрија и Македонија.

Натпреварувачите ги предводеше од Христијана Парулеска, која има испишано историја во македонскиот спорт.

„Овие резултати покажуваат дека нашите млади таленти одат по стапките на Христијана Парулеска и дека можеме да очекуваме уште поголеми успеси на идни европски и светски првенства“, истакна Марјанчо Лазаревски, претседател на Македонската традиционална таеквондо Федерација.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON