Плакета за Миодраг Стајиќ кој за прв пат ја запознал македонската спортска јавност со таеквондото

Претседателот на Македонската таеквондо федерација д-р Борче Костовски денеска во Агенцијата за млади и спорт оствари средба и му додели плаќета на Миодраг Стајиќ, човек кој во 1971 година за прв пат ја запознал македонската спортска јавност со корејската боречка вештина таеквондо.

Таеквондо клубот кој бил под водство на Миодраг Стајиќ функционирал во салата Партизан во Чаир, клубот постоел четири години и за жал згаснал, но секако оставил белег со тоа што спортската јавност за прв пат се запознала со врвот на ножната техника или боречкиот спорт таеквондо.

Потоа на почетокот на деведесетите години во Македонија се формираат и основаат двата стила на Таеквондо, олимпискиот стил таеквондо основан од страна на Ацо Анастасов во Скопје и ИТФ стилот основан од страна на Рајко Кленковски и Саша Поповски во Охрид.

Претседателот на МТФ, Борче Костовски, изрази голема благодарност за секој што дал придонес за да денеска олимпиското таеквондо е носечките спорт во Македонија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО