Пјотр Јан и Кори Сандхаген ќе се борат за привремната титула

Пјотр Јан и Кори Сандхаген ќе се борат за привремен шампион во петел категорија на УФЦ 267.

Веста ја потврди и претседателот на организацијата, Дана Вајт.

Јан против Сандхаген ќе биде коглавниот настан на УФЦ 267 на 30 октомври во Абу Даби, ОАЕ. Главниот меч на вечерта ќе биде одбрана на титулата во тешка категорија помеѓу шампионот Јан Блахович и предизвикувачот Гловер Тешеира.

Мечот за привремената титула меѓу Јан и Сандхаген стана неопходен откако шампионот Алџамејн Стерлинг отпадна од реванш мечот со Јан поради повреда.

Следниот во редот беше ТЈ Дилашоу, но тој се опоравува од повредата.

Затоа, наредбата е дадена на Сандхаген, кој доаѓа по поразот со судиска одлука против Дилашоу во јули. Меѓутоа, пред тоа, забележа два брутални нокаути над Френки Едгар и Марлон Мораеш.

Јан со нетрпение го очекуваше реваншот со Стерлинг, откако вториот ја презеде титулата поради дисквалификација, а потоа долго време наоѓаше изговор да не се бори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON