Излегоа грозни детали околу апсењето на Џон Џонс

Џон Џонс ја повлекол за коса свршеницата, а потоа ја свиткал хаубата на полицискиот автомобил со удар со главата во петокот во раните утрински часови во Лас Вегас.

Според полицискиот извештај, тие биле повикани во 05:08 часот за семејно насилство во хотелска соба, со дојава што ја дало најмалото дете на Џонс. Кога пристигнале го виделе Џон како шета низ хотелот и го привеле. Според нив, тој станал доста раздразлив и со глава го удрил предниот капак на нивната патролна кола, при што се свиткал и бојата се распукала.

Додека бил со лисици на рацете, Џон поминал низ различни емоции. Во еден момент се заканил дека ќе ги тужи органите на прогонот затоа што ја уништуваат најважната ноќ во неговиот живот.

Џон исто така се пошегува дека сака да се бори со сите полицајци одеднаш за да види дали може да ги држи.

Полицијата, исто така, рече дека разговарала со свршеницата на Џон, Џеси, која е мајка на неговите три деца. Таа тврди дека спиела кога Џонс се вратил во хотелската соба откако бил со пријателите во Вегас.

Џеси тврди дека Џон се вратил дома и не бил среќен за нешто. На прашањето од полицијата дали има физички контакт, таа одговорила дека ја допрел по задниот дел од главата и ја влечел за коса, но ништо друго.

Сепак, полицијата го опишува дека имала крварење од носот и отечена и раскрварена усна. Џеси рекла дека тоа е затоа што усните и биле исушени и испукани. Меѓутоа, полицијата запишала дека има крв и на нејзината облека.

Полицијата ја провери и хотелската соба и рече дека има траги од крв и на креветот.

Џонс е ослободен со кауција и се очекува да се појави на суд на 26 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО