Арум: Џошуа требаше да почека за реванш со Усик

Менаџерот на Тајсон Фјури, Боб Арум, смета дека Александар Усик ќе го повтори одличниот настап и во реваншот со Ентони Xошуа.

Викендот Усик го победи Џошуа во 12 рунди и ги освои титулите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО во тешка категорија.

Џошуа веднаш ја користи клаузулата за реванш, но Арум не му дава големи шанси.

„Мислам дека нема да видиме ништо поинаку. Мислам дека ќе беше подобро Ентони да направи уште неколку борби пред да побара реванш со Усик. Подобро ќе беше Ентони да му оставеше простор на Фјури ако би можел да го победи Вајлдер, да се бори со Усик, а потоа да се бори со победникот, Усик или Фјури.

Тоа има смисла. Но, овде во боксот е така – менаџерите и борците имаат големо его и тоа ги спречува да донесат значајни одлуки и тоа го прават поемотивно.

Еди Херн е Еди Херн. Тој нема да слуша никого освен неговото его. Тој и за да се држи за реваншот, што ќе биде уште еден пораз за Џошуа и ќе го остави надвор од играта за титулата“, рече Арум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО