Питер Фјури: Владимир ќе го победи Џошуа

Питер Фјури, тренер и чичко на поранешниот светски шампион во супертешка категорија, Тајсон Фјури, го посочи Владимир Кличко за фаворит во мечот со Ентони Џошуа, кој ќе се одржи во Лондон на 29 април.

„Ентони има добри шанси да победи. Тој има интелигентен тренер. Роберт Мак Кракан е многу умен човек. Мислам дека ќе имаме одличен дуел, но, според мене, ако Кличко излезе на рингот со вистинска амбиција, тој ќе победи. Владимир е многу искусен борец и ако е добро подготвен, ова ќе биде една успешна вечер за него. И обратно. Се зависи од прилагодувањето на Кличко. Тој е гладен за победа, сака да го врати појасот и јас го гледам како победник. Џошуа е млад, но тој исто така ќе ја брка победата. Сигурен сум дека Мак Кракан ќе го извади најдоброто од него, но јас ќе му дадам предност на Кличко“, изјави Питер Фјури.

Мечот Кличко – Џошуа е на 29 април пред 90.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО