Питер Фјури: Реваншот со Кличко ќе биде во јули во Велика Британија

Klicko Fjuri-piter

Тренерот и менаџер на Тајсон Фјури – Питер, откри дека долго очекуваниот реванш меч со Владимир Кличко за светските титули во тешка категорија ќе се одржи во јули. Тетинот на боксерот дури претпостави дека најверојатно средбата ќе се одржи во Велика Британија.

„Јули е фаворит за натпреварот и да се надеваме дека ќе се одржи во Велика Британија. Нашиот промотор Мик Хенеси постојано е во контакт со луѓето на Кличко. Тие немаат ништо против да дојдат во Англија. Очекувам во текот на април да имаме соопштение за средбата“, изјави за „Телеграф“, Питер Фјури.

Првичните планови беа средбата да се одржи на 7 мај, но како времето напредуваше и дуелот беше поместен за подоцна, кој се уште не е извесен кога ќе се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО