Започнаа подготовките на најдобрите македонски џудисти во пионерска и кадетска конкуренција во Прилеп.
Од 26 до 30 август ќе се подготвуваат во Прилеп каде што ќе се тренира и темпира формата за престојните Балкански првенства за пионери-ки во Грција и кадети-ки во Турција.
Стручниот тим кој е задолжен од страна на ЏФСМ за подготовките овие неколку денови треба да ја изврши и финаланата селекција на репрезентативци кои ќе настапат на овие првенства и ќе ја претставуваат нашата држава.