Успешно помина мерњето на боксерите на Пинк Пантер и Славија од Бања Лука за вечерашниот во Штип со почеток во 19 часот.
Да потсетиме дека вечерва боксерите ќе настапат на нова локација и тоа на отворено, односно пред зградата на мултимедијалниот центар Канал 77.
Пантерите ќе настапат со најсилен состав во очекување на првата победа, а 19 годишниот Јасин Лама од БК Шкупи ќе дебитира за Пинк Пнатер во Регионалната бокс лига во категоријата до 60 килограми.
„Ќе биде спектакл. Од коло во коло нашите боксери се се подобри. Очекувам дека љубителите на благородната вештина ќе следат добри борби. Очекувам најмногу од Александар Ристовски, Јасин Лама, Мартин Алексов, Марко Доциќ и Димитар Ташков“, вели првиот човек на штипската екипа,Илија Младенoвски.
Тренерот Ристе Грбев истакнува дека нема проблеми околу составот на екипата и очекува квалитетни борби. Исто така, очекува и поддршка од публиката.
Денис Муаремовски и Гоце Јанески се убедени дека и овој пат ќе триумфираат пред публиката во Штип.
Пинк Пантер ќе настапи во овој состав:
-56 кг Александар Ристовски
-60 кг Јасин Лама
-64 кг Денис Муаремовски
-69 кг Дејан Ристевски
-75 кг Гоце Јанески
-81 кг Никола Арсов
– 91 кг Марко Доциќ
+91 кг Димитар Ташков.
Ipon.mk/В.Д.