Боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип доби големи засилување за Регионалната лига во најатрактивната категорија во името на Александар Димовски – Димса од Битола, кој на Меѓународниот турнир „Јордан Мијалков“ пред еден месец и половина остави одличен впечаток совладувајќи го српскиот боксер Марко Дочиќ.
Димовски во Регионалната лига ќе настапува за Пинк Пантер а во Македонската за Пелистер, но и ќе боксот ме го запоставува туку ќе атакува на големи успеси. Лигата започнува на 4 март.
Што ќе значи настапот во Регионалната лига?
-Регионалната лига е чекор напред за сите нас. Повеќе борби од повисок ранг и, нормално, стекнување искуство и квалитет за поголеми успеси, претежно на младите боксери.
Дали настапот на Меѓународниот турнир „Јордан Мијалков“ со искусниот српски боксер ти даде поголема самодоверба?
-На „Јордан Мијалков“ имав солиден меч. Секако дека мотивот е уште поголем и желбата за нови победи исто така е поголема.
Може ли да очекуваме настап и на Европското боксерско првенство?
-За големи првенства е рано да се зборува. Да одиме чекор по чекор, инаку би излажал ако кажам дека немам таква желба и сон.
Со Пелистер на кое место ќе атакувате во Македонската лига?
-Со Пелистер секако дека ќе атакуваме на самиот врв, иако во Македонија има неколку јаки тимови со педигре. Ссепак, ние сме свесни за тоа и ќе дадеме се од себе, и како поединции и како клуб, за да го вратиме сјајот на боксот во Битола
Кои се твоите амбиции годинава?
-Годинава очвекувам доста настапи и на бокс и на кик бокс сцената. Со мојот клуб БК & КБК ЕнерџиЅ планирам да настапувам на сите домашни, а по можност и интернационални турнири во кик бокс. Па, со Бога напред, да не служи здравјето и со малку помош од луѓето кои го сакаат боксот и кик боксот, успесите ќе си дојдат.
Инаку, што се однесува до големи натпревари, како светски и европски првенства, со сигурност ќе пробам да го задржам местото во кик бокс репрезентацијата и да настапам на Светското првенство во Бразил.
Ipon.mk/В.Д.