Конор кажа што планира: Не ме интересираат Хабиб и Тони, не се враќам во УФЦ, бидејќи мојата идна борба е во боксот!

Ariel Helvani i Konor Mek Gregor

Конор Мек Грегор го направи своето најавено ППВ интервју пред 5.000 фанови и со изјавите предизвика направи вистинска лудница во светот на боречките вештини. Ви ги пренесуваме најинтересните моменти.

Повеќе од сигурно е дека не постои читател кој за Конор Мек Грегор не знае и повеќе од доволно за да разбере од каде е целото ова лудило околу овој борец од Даблин и како му доаѓа идејата за организирање интервју во исто време кога неговиот работодавец УФЦ организира многу силен настан на ТВ-мрежата Фокс. Од него такво нешто и може да се очекува, бидејќи без криење себе се смета за поголем и од самата промоција во која ги постигна успесите.

За време на интервјуто, кое многу добро го водеше најдобриот ММА новинар во светот, Ариел Хелвани, Мек Грегор одговори на бројни прашања, повеќето со огромни овации на 5.000 навивачи во салата. Повеќе не е потребно да се парви некој увод во она што ве интересира, ова се најдобрите и најинтересните изјави од тоа интервју.

-Јас сум лицето на Ролс Ројс, јас сум лицето на УФЦ, јас сум лицето на боксот, јас сум лицето на ВВЕ и јас сум лицето на Холивуд, но вечерва сум лицето на Манчестер. Сето тоа, а само е јануари! Бидете внимателни што подготвам за февруари!

-Роџер Мејведер изјави дека повеќето луѓе немаат поим за боксот. Јас ќе ви кажам дека повеќето луѓе немаат поим за борба! Еби го Мејведер!

-Кога ќе се погледнеш, мојата сенка, всушност, стои над целата перолесна категорија на УФЦ и над целата лесна дивизија. Всушност, мојата сенка е врз целиот УФЦ, јас ги контролираам!

-УФЦ сакаше да ми го одземе појасот уште пред да го освојам вториот. Требаше само да прашаат, но и беше страв. За да не има грешка, јас сум се уште шампион на два категории. Како тие знаат дека јас повеќе не сум перолесна категорија, каде го пишува тоа?

-Овие двајца што се борат за привремениот појас (Нурмагомедов и Фергусон) се клошари, тие се кучешки измет. Неуредни, мизерни и никкави борци, такви се.

-Гледам само спрема една работа, а тоа е Флојд Мејведер. Тоа е единственото нешто што ме интересира. Јас и тој мора да се најдеме и да седнеме и да се договориме за бројките. Но, бидете сигурни дека тоа ќе се случи.

-Мечот меѓу мене и Флојд ќе биде првиот меч во историјата каде што конечната бројка ќе биде повеќе од една милијарда долари.

-Секој знаат, кадее нивното место во ова. Сега постојат три страни, има Мејведер проомоции, УФЦ и новоформираната Мек Грегор промоции.

-Меч против Флојд ќе ми биде најлесната работа од кога било. Ќе го научам што е вистинска битка. Му требаат правила за да го штитат, мене не ми се потребни. Тој веќе сега се посра од страв.

-Меч против Флојд ќе се случи кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Следниот пат кога ќе ме видите да се борам, тоа ќе биде во боксерскиот ринг, ништо друго не ме интересира и не ми е грижа што ќе рече УФЦ на тоа.

-Мене не ми треба УФЦ за да го одработам ова, може да се повикам на Али Акт! Но, најдобро е сите да бидеме заедно во ова. Дана Вајт не е мојот шеф, јас не сум должен да УФЦ. Ако тие им дозволуваат на своите борци да се натпреварува на џиу џжицу натпревари, со ништо не можат да ме спречат да се боксирам.

-Овде во салата се повеќе луѓе во моментов отколку на УФЦ настанот, всушност, тоа е се што треба да знаете!

-Секој во кариерата има лоши денови, па така и јас. Тоа ми се случи против Нејт, но се вратив и му го сплескав лицето. Спрема Нејт имам голема почит, но ја изагубив. Во моментот кога му се обрати на Флојд, стана негов кучка!

-Не сум завршил со Нејт, ќе го решиме тоа еден ден и тоа ќе биде за титулата во лесна категорија. Никакви привремена шампиони и слични глупости …

-Што зборува Андерсон Силва, кави се тие глупости? Ќе се борам против кого било, само погрижете бројките да бидат оние кои ќе ме задоволат.

-Полусредна категорија е реална приказна. Ако сакам, ќе одам таму, ќе го расфралам Вудли, па ќе ја земам и таа титулата.

-Имам опции, Флојд нема опции. Можам да кажам кој го ебе Флојд и наместо тоа да боксирам против Мани. Можам што сакам и тоа му е јасно!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО